Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот октомври 2011 – март 2012, Форумскиот процес во општина Босилово ќе го спроведува Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ).
За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.
Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.
Задачи, одговорности и очекувани резултати:
- Раководење и координирање со Оперативната група;
- Организирање на форумските сесии;
- Регрутација на учесници на форумот;
- Помош на модераторот при водењето на форумските сесии;
- Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
- Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
- Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
- Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
- Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ФООМ и SDC;
- Подготовка на месечни извештаи.
Квалификации и искуство:
- универзитетско образование
- познавање на англиски јазик
- активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point, Outlook)
- познавање на процесот на децентрализација
- искуство во работа со невладни организации
- да е жител на општината
- искуство во фасилитација, координација и известување
- наклонетост кон тимска работа
- одлични комуникациски вештини
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, кои најдоцна до 12.09.2011 треба да пристигнат на следната адреса:
Булевар Јане Сандански 111, 1000 Скопје
или на електронска пошта: bsarko@sonet.com.mk












